Светиот Симеон Мироточив во Митрополијата Црногорско-приморска, на Српската Православна Црква

На 21-ви февруари, 2026 година, во Митрополијата Црногорско-приморска, на Српската Православна Црква беше одбележан празникот на Светиот Симеон Мироточив. По тој повод, на покана на Архиепископот Цетински и Митрополит Црногорско приморски г. Јоаникиј, учество во повеќеархијерејското литургиско сослужување и прославата, зеде и Епископот Делчевско-каменички г. Марко.
​На Литургијата на која началствуваше Митрополитот домаќин, г. Јоаникиј, сослужуваа уште и Митополитите од СПЦ: Милешевски г. Атанасиј; Захумско-херцеговачки и стонско-приморски г. Димитриј; Будимљанско-никшички г. Методиј; викарниот Епископ диокијски г. Пајсиј, како и голем број свештенослужители, од повеќе епасрхии на СПЦ и Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.
​После прочитаното Евангелие, на многубројниот верен народ, со пригодна беседа им се обрати Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Зборувајќи за Светиот Симеон Мироточив, Епископот г. Марко рече: „Можеби не е единствениот владетел којшто ја предал власта на своите наследници, пред да му заврши животот на земјата, но е еденинствен или еден од ретките владетели на кои повеќе им омилела скромната монашка ќелија од царската палата, та затоа и се замонашил и се смирил до таа мера, та на своето чедо по тело да му стане духовно чедо”.
​На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Јоаникиј им се обрати на присутните со поздравно слово, нагласувајќи го и смирението на Светиот Симеон Мироточив и неговиот живот во покајание, имајќи пред вид дека како средновековен владетел, војуваќи, не можел а да не се огреши, но и дека се каел, па така покајанието претежнало во однос на гревовите и тој се нашол во вечната прегратка Божја.
​По Литургијата се направи литија низ градот Подгорица, до местото викано „Стари Град”, кадешто се наоѓала куќата во која се родил Светиот Симеон. Тука се благослови коливото и славскиот колач, а потоа за званичните гости беше приредена трпеза.

Сиропусна недела, на 22-ри февруари

Во сиропусната недела, на 22-ри февруари, 2026 година, Епископот Делчевско-каменички г. Марко служеше Литургија во манастирот Свети Василиј Острошки во Црна Гора. Му сослужуваа, игуманот на острошкиот манастир, архимандритот Сергеј, протојерејот Жарко Мицкоски од Делчевско-каменичката епархија и уште неколку браќа од манастирот и свешенослужители од Црногорско-приморската митрополија.
​После читањето на неделната евангелска перикопа, со пригодна беседа, на насобраниот верен народ, им се обрати Епископот г. Марко. Во обраќањето тој напомна дека за нас христијаните секој ден и секој миг од нашиот живот е како оваа недела која уште се нарекува недела на простувањето, бидејќи секогаш кога ќе згрешиме ние бараме прошка, и ставаме нов почеток, а од искуство знаеме дека нашето грешење е секојдневно. Па затоа е потребно и секојдневно покајание и враќање од погрешниот пат на патот кој води во прегратката Божја. „Иако Бог нè љуби, Тој со сила нема нè земе во својата прегратка. Потребно е да вложиме труд, преку постот, молитвата и одрекување од страстите и слабостите, да покажеме дека сакаме да бидеме со Бога. Не да мислиме дека со подвигот сме ја постигнале целта, туку со тоа само покажуваме дека сме спремни нашата слободна волја да ја усогласиме со Божјата, која, пак, е едиствена спасоносна”, нагласи Епископот г. Марко.
​На крајот од Свтата Литурија, со одбрани зборови, игуманот Сергеј му се заблагодари на Епископот гостин, за принесените дарови и молитви на Бога, а потоа за сите присутни, братството на манастирот имаше приготвено послужување и трпеза, на која монасите и верниците останаа во разговор со Епископот г. Марко, живо интересирајќи се за духовниот живот во Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, како и конкретно за Делчевско-каменичката Епархија.
​Пред заминување од манастирот Епископот г. Марко со својата придружба се поклонија на нетлените мошти на Свети Василиј Острошки, примајќи благослов и молитвена поддршка од Светителот за претстојниот чесен велигденски пост.

Св. Јосиф Солунски, преп. Ксенофон и Марија со чедата

Денес, на 08.02.2026 год., во Неделата на блудниот син, ги славиме Св. Јосиф Солунски, преп. Ксенофон и Марија со чедата.
По тој повод во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, се служеше Божествена Литургија, со која началствуваше Митрополитот Видински г. Пахомиј од (БПЦ) во сослужение на Епископот Делчевско-каменички г. Марко. 
На Литургијата сослужуваа и архимандритите: Протосингелот Јоаким од Видинската епархија, архиерејскиот  намесник Доситеј од Берковска духовна академија, бројно свештенство од Делчевско-каменичка епархија и протојереј Зоран Брндески од Келн, Германија.
По читањето на Евангелие, Митрополитот г. Пахомија произнесе пригодна архипастирска беседа, во која ја протолкува евангелската перикопа за блудниот син, во која помеѓу другото истакна  дека гордоста е главната причина за сите духовни падови, затоа во овој подготвителен период треба, секој од нас да се преиспита и да се преуми, бидејќи без смирение и покајание, постот и молитвата би биле залудни. 
За време на Литургијата верниот народ ги прими Божествени Дарови. 
На крајот епископот г. Марко со избрани зборови, се заблагодари на Митрополитот Пахомиј за покажаната жртва и во знак на благодарност му подари панагии, а Митрополитот возврати за искажаната братска љубов подари му икона со ликот на Свети Јован Рилски.

Манстир Балаклија Делчево

Манастир „Св. Богородица Балаклиза -Источен петок" - седиште на Делчевско-Каменичката Епархиа.  Манастирот „Св. Богородица Балаклиза - Источен петок" (Животоносен Источник на Пресвета Богородица) се наога на 1,5 километар од градот Делчево, во живописен предел во падините на планината Голак, покрај регионалниот пат Делчево - Голак. Се вброзува меґу назначаните духовни и културни обекти во источниот дел на Македонија.
Основан е во 1915 година, првично изграден од плет и кал. Денес претставува уреден комплекс со традиционална архитектура, патеки, чешма, водопад, летниковци и простори за молитва и одмор. Посветен е на Пресвета Богородица, а особено е почитуван за време на празникот Источен петок, кога го посетуваат брони верници од целиот регион.
Манастирот е седиште на Делчевско- каменичката епархиа на Македонската православна црква - Охридска архиепископиа. Епархиата ja опфака териториата на општините Делчево и Македонска Каменица, со сите нивни населени места.
На чело на епархиата се наоґа Неговото Преосвештенство Епископ Делчевско-каменички г. Марко, ко j предводи Епархизата како во духовната и административната мисиа на црквата во ово кра. Манастирот „Св. Богородица Балаклиа" претставува живо средиште на православниот духовен живот во Пизанецот и останува место на вера, традициа и духовно

Св.вм-ца Екатерина и св.вмч. Меркуриј

На 07.12.2025 год., кога православната црква ги празнува св.вм-ца Екатерина и св.вмч. Меркуриј се служеше Света Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево. На овој благословен ден епископот г. Марко, ја одбележува 22 годишнината од Неговата хиротонија.


Пред почетокот на Литургијата на епископот г. Марко од името на монаштвото и свештенството на богомспасуваната Делчевско-каменичка епархија му беше доделен архиерејски жезол.
На Литургијата началствуваше епископот Тивериополски г. Тихон од Бугарската Православна Црква во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и домаќинот епископот Делчевско-каменички г. Марко, како и свештенослужители од повеќе епархии на МПЦ-ОА, БПЦ и јереј Ристо Горанчиќ од Малта, претставник на СПЦ.


По читањето на Евангелието, кон народот со пригодна беседа се обрати епископот г. Тихон, кој помеѓу другото истакна:


,, Љубовта е таа која ќе го спаси светот, а не умните глави кои мислат, дека можат секогаш со силата на разумот да пронајдат вистинско решение на проблемите. Љубовта нѐ преобразува, нѐ сплотува во заедницата. Кога имаме братска љубов ќе најдеме решение за секаков проблем.”


Во контекст на ова и Г. И. Христос, рекол: ,,По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе”.


На крајот од Литургијата епископот г. Марко благоизволи на сестра Ирина (Теофиловска) да ја ракопроизведе во чин, настојателка на манастирот ,,Св. Николај Мирликијски” во с. Стар Истевник. Потоа, Митрополитот г. Иларион ја благослови пченица.


Епископот г. Марко по Литургијата им се заблагодари на браќата архиереи за љубовта и жртвата која ја направија и дојдоа на овој значаен ден за него. На ова архиереите возвратија со избрани зборови и се заблагодарија за топлиот дочек. Епископот г. Тихон во знак на братска љубов и почит на двајцата архиереи им подари панагии.


На многаја и благаја лета Владико!

Subcategories

МПЦ-ОА Делчевско-Каменичка Епархија