На 07.12.2025 год., кога православната црква ги празнува св.вм-ца Екатерина и св.вмч. Меркуриј се служеше Света Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево. На овој благословен ден епископот г. Марко, ја одбележува 22 годишнината од Неговата хиротонија.
Пред почетокот на Литургијата на епископот г. Марко од името на монаштвото и свештенството на богомспасуваната Делчевско-каменичка епархија му беше доделен архиерејски жезол.
На Литургијата началствуваше епископот Тивериополски г. Тихон од Бугарската Православна Црква во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и домаќинот епископот Делчевско-каменички г. Марко, како и свештенослужители од повеќе епархии на МПЦ-ОА, БПЦ и јереј Ристо Горанчиќ од Малта, претставник на СПЦ.
По читањето на Евангелието, кон народот со пригодна беседа се обрати епископот г. Тихон, кој помеѓу другото истакна:
,, Љубовта е таа која ќе го спаси светот, а не умните глави кои мислат, дека можат секогаш со силата на разумот да пронајдат вистинско решение на проблемите. Љубовта нѐ преобразува, нѐ сплотува во заедницата. Кога имаме братска љубов ќе најдеме решение за секаков проблем.”
Во контекст на ова и Г. И. Христос, рекол: ,,По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе”.
На крајот од Литургијата епископот г. Марко благоизволи на сестра Ирина (Теофиловска) да ја ракопроизведе во чин, настојателка на манастирот ,,Св. Николај Мирликијски” во с. Стар Истевник. Потоа, Митрополитот г. Иларион ја благослови пченица.
Епископот г. Марко по Литургијата им се заблагодари на браќата архиереи за љубовта и жртвата која ја направија и дојдоа на овој значаен ден за него. На ова архиереите возвратија со избрани зборови и се заблагодарија за топлиот дочек. Епископот г. Тихон во знак на братска љубов и почит на двајцата архиереи им подари панагии.
На многаја и благаја лета Владико!








