МОНАШТВО

Монаштво

Mонахиња Ирина (Теофиловска)

Mонахиња Ирина (Теофиловска), библиотекар и архивар на Делчевско-каменичка Епархија.
    Родена на 08. 08. 1989 година во Битола. Основно и средно економско училиште завршува во Битола, а потоа се  запишува на Педагошкиот Факултет на Универзитетот ,,Свети Климент Охридски“ во Битола, насока одделенски наставник. Љубовта кон монашкиот живот и желбата да биде од помош на Црквата, која во тоа време се наоѓаше во тешка состојба на прогон, ја однесе во манастирот посветен на ,,Свети Јован Златоуст“ во Нижеполе, Битола. После неколку години поминати во манастирот во Нижеполе посветен на светиот Јован Златоуст по послушание од нејзиниот духовник, Епископот г. Марко, оди во Штип. Се запишува на Богословсловскиот факултет во Београд на студии. На празникот посветен на ,,Собор на Свети Архангел Михаил и останатите Небесни Сили Бесплотни“, во 2016 год. е замонашена во голема схима, во манастирот посветен на ,,Свети Николај Мирликијски“. Додека е на послушание во Брегалничката Епископија на тогашната Православната Охридска Архиепископија во 2022 година, преминува во новоформираната Делчевско-каменичка Епархија, каде е поставена на службата која во моментот ја извршува.  Има напишано неколку душеполезни книги. На денот посветен на светата великомаченичка Екатерина 2025 година е произведена во чин Настојателка. 

Моб. тел: 070/271-388
МПЦ-ОА Делчевско-Каменичка Епархија